Политика на приватност
OfficeF12 платформа · Последно ажурирање: 23.06.2026
Оваа Политика на приватност објаснува како OfficeF12 („ние“, „платформата“, оперирана од ControlF12) ги собира, користи и заштитува податоците при користење на нашите дигитални решенија — ArhivF12, MotoF12, FinanceF12 и DmsF12.
1. Кои податоци ги обработуваме
- Податоци за корисничка сметка: име, е-пошта и податоци за најава, потребни за идентификација и пристап.
- Деловни податоци: информации што вие или вашата организација ги внесувате во рамки на соодветниот модул (документи, записи, предмети, возила и сл.).
- Технички податоци: основни записи за активност (логови) потребни за безбедност и работа на системот.
2. За што ги користиме податоците
- За да обезбедиме функционалност на платформата и нејзините модули.
- За идентификација, авторизација и заштита на пристапот.
- За одржување, безбедност и подобрување на услугата.
3. Каде се чуваат податоците
Податоците се чуваат на безбедна сервер инфраструктура управувана од OfficeF12. Секоја организација (тенант) има логички одвоени податоци.
4. Споделување со трети страни
Не ги продаваме вашите податоци. Податоците не се споделуваат со трети страни, освен кога тоа е законска обврска или е неопходно за работа на услугата.
5. Чување и бришење
Податоците се чуваат додека постои активна сметка или додека е потребно за целите наведени погоре. На барање, податоците можат да бидат избришани во согласност со законските обврски.
6. Ваши права
Имате право на пристап, исправка и бришење на вашите лични податоци, како и право да поднесете приговор. Барањата ги испраќате на контактот подолу.
7. Контакт
За прашања во врска со приватноста, контактирајте нѕ на: contact@controlf12.com
За приватноста на мобилната апликација MotoF12, погледнете ја посебната MotoF12 политика на приватност.